Германката Анџелике Кербер ја освои својата прва титула од Вимблдон во 2018 година, откако со 6:3/6:2 ја совлада Чехинката Катерина Синијакова на домашното финале во Бад Хомбург.
Ова беше прво финале за Кербер по пауза од две години, и трикратната гренд слем шампионка на прави шест брејка за да ја освои својата 13. титула во кариерата. Ова е третпат таа да победи на домашен терен по трофеите во Штутгарт во 2015 и 2016.
„Посебно е да се освои нова титула, и ви благодарам што ми ја дадовте потребната поддршка“, вели Кербер, која е 25. носителка на Вимблдон и во првото коло ќе игра со Србинката Нина Стојановиќ.
Прва титула од 2019 и четврта во кариерата освои Летонката Јелена Остапенко, откако со 6:3/6:3 ја победи Естонката Анет Контавеит на финалето на Викинг интернешнл во Истбурн. Остапенко, која во 2017 година победи на Ролан Гарос за прва титула во кариерата, претходно победуваше и во Сеул во 2017 и во Луксембург во 2019 година.