Top Sport

Секоја чест – кошаркарките на БиХ одбија свечен пречек

Кошаркарките на Босна и Херцеговина го остварија својот најголем успех во историјата со пласман меѓу шесте најдобри европски репрезентации по што ќе играат и квалификации за СП, вест која во Сараево се прослави така што се најави свечен пречек, кој репрезентативките едноставно го одбија.

Во колективно писмо, кое го прочита нивната најдобра кошаркарка, Марица Гајиќ, тие посочија дека тие пари треба да се потрошат на школите за кошарка во БиХ и ги нападнаа политичарите кои сакаат да го искористат резултатот за промоција.

„Благодариме на огромната поддршка која ја добивме на Европското првенство, и тие емоции навистина ни значеа многу. Овој резултат го подаруваме на Босна и Херцеговина, заеднички без никакви пофалби. За жал, има и такви на кои не можеме да им вратиме со убави зборови. Бевме зачудени од големите честитки на политичарите од власта, кои претходно не одвоија ништо за нашите подготовки, ниту добивме било каква награда за пласманот на Евробаскетот. Имаше ветувања и иницијативи, но тоа беше обичен популизам. Затоа сега не е во ред да добиваат политички поени на нашиот успех. Нема потреба за спектакуларен дочек во Сараево. Ќе пееме и ќе се радуваме, друго не ни треба. Парите кои сте ги намениле за тоа, подарете ги на кошаркарските клубови и школите за кошарка. Тоа ќе биде најдобра награда“, се вели во писмото.

Scroll to Top