Роберто Фирмино ќе остане во Ливерпул барем уште пет години откако бразилскиот миленик на фановите на „Енфилд“ реши да стави потпис на новиот договор и тоа на посебен начин – како што понекогаш постигнува голови, без да погледне!
Фирмино, според британските медиуми, ќе заработува околу 205.000 евра неделно и ќе биде еден од најдоброплатените фудбалери на Ливерпул, откако оваа година постигна 27 голови во пеколниот напад со Мо Салах и Садио Мане.
Фирмино, кој честопати знае да „лаже со погледот“ и да се сврти на страна пред да постигне гол, го направи истото и при потпишувањето на договорот.
Firmino no-look signed!!!! My life is complete. pic.twitter.com/w2NrCjiqqI
— Ben Webb (@BenWebbLFC) April 29, 2018