Тројната олимписка шампионка, Американката Серена Вилијамс го откажа својот настап на претстојните ОИ во Токио. Таа денеска, на ден пред почетокот на тенискиот грен слем турнир Вимблдон, веста и ја соопшти на јавноста.
На прашање дали Серена се наоѓа на листата на олимпијци на САД за ОИ, таа одговори:
„Јас не сум на списокот за Игрите, така да… Не дека не бев свесна за тоа, но и да бев на листата, немаше да одам“ рече Вилијамс,
Деталните причини за ваквиот нејзин потег ги остави за другпат.
„Постојат многу причини за мојата одлука. Навистина не сум во елемент за тоа да зборувам денеска. Можеби некој друг ден. Извинете“ рече Американката која е сопственичка на 23 грен слем тениски титули.
Нејзина прва ривалка на Вимблдон ќе биде белоруската тенисерка Алиаксандра Саснович.