Бекот на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, Лук Шо влезе во контранапад на Жозе Мурињо, велејќи дека не сфаќа зошто тој е опседнат со неговите игри.
Шо имаше лоши односи со Мурињо додека овој беше менаџер на „Олд Трафорд“, добивајќи често директни јавни критики, а сега како коментатор на ЕУРО 2020, повторно неколку пати го посочи Шо како најслабата алка во тимот на Герет Саутгејт. Сега, на 25-годишниот Шо, очигледно, му беше доволно.
„Навистина се сфаќам. Не знам зошто само зборува за мене и секогаш ме посочува. Мислам дека изведувањето на корнерите не беше толку лошо. Видете, тој мора да си ја заврши својата работа. Навикнат сум да зборува негативни работи за мене, така што ќе го пуштам да зборува. Сака да зборува за мене, сите го забележаа тоа. Навистина не знам што му е“, вели Шо.
Тој исто откри како било да се работи под Мурињо во Јунајтед.
„Тој сака одредени фудбалери, со другите не се согласува. Јас бев во тие кои не му се допаѓаа. Се обидував да влезам во првиот тим, но што и да направев не беше доволно. Не можам да скријам дека не се согласувавме. Тој е брилијатен тренер, но минатото е минато. Време е да се оди понатаму. Тој очигледно не може да престане да зборува за мене. Дури и момците во тимот го забележаа тоа и ме прашаа: ‘Кој е неговиот проблем?’“, додава Шо.
Мурињо пак контра Лук Шо: Видете колку не знае да изведува корнери!