Легендарниот фудбалер од средниот ред на шпанската фудбалска репрезентација, Гаизка Мендиета кој за „Фуријата“ настапи на 40 натпревари открива која е добитната формула за Шпанија на денешниот меч против Хрватска.
„За да ја победиме Хрватска, мора да пробаме да ги надиграме со својата игра. Имаат многу талентирани играчи, кои во играта носат различни работи. Шпанија треба да игра во високо темпо, да си ја врати топката веднаш штом ја загуби, да се форсира пресинг и да ги натераат постојано да играат под притисок. Треба да ги натераме Хрватите да трчаат, ние да сме тие кои ќе ја имаат топката. Сигурно во тоа нема да уживаат“ вели поранешниот играч на Валенсија, Барселона, Лацио, Атлетик Билбао и Мидлсборо.
Осминафиналниот меч Хрватска – Шпанија започнува денеска во 18 часот.