Top Sport

Страшна грешка на шпанскиот голман – Хрватска „несакајќи“ води 1:0

Осминафинален дуел во Копенхаген меѓу Хрватска и Шпанија.

Во првите дваесетина минути Шпанците наметнаа силно темпо и притисок кон селекцијата на Хрватска, а најголемата шанса во 16. минута ја имаше Коке кога од 7-8 метри, од прва шутираше по одличната асистенција на Педри, голманот Ливаковиќ со нога спречи сигурно водство за „Фуријата“.

Неколку минути претходно Сарабија силно, но и за малку непрецизно биеше по асистенцијата од Мората во надворешниот дел од мрежата на хрватскиот гол.

Во 19 минута Феран Торес одлично нафрли од десната страна, Мората шутираше со глава, топката од раката на Домагој Вида се врати во игра.

Турскиот судија Чакир одмавнува играта да продолжи .

Студен туш за Шпанците стигнува во 20 минута.

Педри од половина терен враќаше кон голманот Унаи Симон. Тој реагираше аматерски, топката му помина преку ногата и заврши во неговата мрежа.

1-0 за Хрватска иако процентот на посед на топка во овие моменти е 80-20 за шпанските фудбалери.

Scroll to Top