Top Sport

Шпанија со силен состав на ОИ – шест фудбалери од ЕП ќе одат во Токио

Шестмина шпански фудбалски репрезентативци од ова Европско првенство ќе бидат во составот на „Фуријата“ и за претстојните ОИ во Токио.

Денеска ФС на Шпанија соопшти дека во олимпискиот тим ќе има место за Унаи Симон, Ерик Гарсија, Пау Торез, Педри Гонзалес, Мекел Ојарзабал и Дани Олмо.

Симон, Торес, Олмо и Педри се стартери на ЕУРО 2020, а во олимпискиот тим има место и за тројца фудбалери повозрасни од 24 години. Најверојатно таму ќе се најдат Дани Себалос, Марко Асенсио и Микел Мерино.

Шпанија вчера се пласираше во четвртфинале по драматичната пресметка со Хрватска (5-3).

Олимписките игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август во Токио, Јапонија.

Scroll to Top