Англија влета во четврт-финалето на ЕУРО 2020, откако со 2:0 ги совладаа лутите ривали Германците со два гола во последните 10 минути за да обезбедат пресметка со подобриот од последното осминафинале, Шведска-Украина.
По тензичното прво полувреме, со малку шанси на двете страни, Германците имаа повеќе шанси, како обидот на Тимо Вернер, кој го одбрани Џордан Пикфорд, додека на другата страна Хери Кејн не беше многу опасен.
Во второто полувреме, Германците пак се заканија по одличниот удар на Каи Хаверц, кој повторно го одбрани фантастичниот Пикфорд. Во 75. минута, по влегувањето на Џек Грилиш, тој ја креираше акцијата по која Рахим Стерлинг го совлада Мануел Ноер, за потоа и Хери Кејн, конечно да се запише во листата на стрелците.
Графика: Sofascore за Тоспорт.мк