Капитенот на фудбалската репрезентација на Италија, Џорџо Кјелини, ќе биде подготвен за четврт-финалниот натпревар со Белгија. Кјелини го повреди мускулот против Швајцарија, во второто коло на турнирот. Поради повредата не играше против Велс и Австрија.
Медиумите од Италија, објавија дека деновиве Кјелини започнал да тренира со соиграчите, што значи дека ќе биде подготвен за утрешното дерби против Белгија.
Натпреварот ќе се одигра во Минхен, со почеток во 21 часот.