Top Sport

Хаос на англиските улици по пласманот во полуфинале

Англија е во полуфиналето на ЕУРО 2020, а покрај бескрајната радост на фудбалските фанови, тоа значеше и многу работа за полицијата по хаотичните сцени на улиците на Лондон и на другите англиски градови.

Само во Лондон беа приведени стотина луѓе, откако полицијата едвај ги контролираше расположените фанови по 4:0 победата над Украина. Видео-снимките од улиците покажуваа хаос на улиците, апсења и очајнички обиди на полицијата да воспостави контрола.

Scroll to Top