Словенија првпат во својата историја ќе игра на едни Олимписки игри, откако во фантастичен меч предводени од НБА ѕвездата, Лука Дончиќ стигнаа до 96:85 победа над Литванија сред Каунас.
Со ова се става крај на неверојатната серија на Литванците, кои од своето осамостојување во 1992 година, учествуваа на сите седум Олимпијади, пред да налетаат на расположениот Дончиќ.
По израмнетото прво полувреме (52:52), Словенците предводени од Дончиќ и Чанчар успеаја да направат +12 разлика, која на крајот беше недостижна за Литванците и покрај огромната поддршка од публиката. Дончиќ имаше фантастични 31 поен, 13 асистенции и 11 скокови!
Can we caption this “Luka and-1️⃣, Luka and-2️⃣, and Luka and-3️⃣”? ?? #FIBAOQT@luka7doncic not messing around in the #FIBAOQT Final.
? at HT: 21 PTS 6 REB 5 AST | 26 EFF pic.twitter.com/Qg1npQQxRL
— FIBA (@FIBA) July 4, 2021