Веднаш по извлекувањето на полу-финалните двојки во ракометната Лига на шампионите, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, за ЕХФ го коментираше противникот во полу-финалето.
Прв противник на Вардар ќе му биде лидерот во францускиот шампионат, тимот што во претходните две рунди ги елиминира Барселона и Фленсбург.
„Имав некакво чувство дека во полу-финалето за противник ќе добиеме француска екипа“, се пошегува на почетокот вардаровиот капитен.
„Лени реков дека сите тимови имаат по 25 отсто шанси за да го освојат трифејот. Истото го мислам и сега. Ние, во Келн ќе дојдеме како актуелни шампиони и ќе треба да одиграме шампионски за да го одбраниме трофејот“, рече Стоилов.
Завршниот турнир во Келн ќе се игра на 26. и 27.мај, а во второто полу-финале ќе се сретнат Нант со Кире Лазаров и ПСЖ.