Top Sport

Две топки на теренот: На пеналот му претходеше уште една спорна ситуација

Англија, прв пат во својата историја, избори пласма во финалет на едно европско првенство. Англичаните, синоќа, по продолженијата ја победија Данска со 2:1. Англија беше подобриот тим на теренот, но до победата фудбалерите на Герет Саутгејт, дојдоа од непостоечки пенал.

Најголем дел од фудбалскиот свет му е лут на судијата Дани Макели. Не е јасно зошто не ја погледна снимката, кога Стерлинг падна пред голот на Шмајхел.

Но на спорниот пенал, му претходеше уште еден спорен момент. Неколку секунди пред Стерлинг да влезе во шеснаесетникот на Данска, на теренот имаше две топки. Според правилата играта требаше да биде прекината.

Очигледното не го видоа, или не сакаа да го видат, Макели и неговите помошници, односно четворицата судии во ВАР собата.

На Макели му асистираа сонародниците Стегстр и де Вирс, а во ВАР собата беа ван Бокле, Блом, Гителман и Хил. Четврти судија беше Романецот Хатеган.

Scroll to Top