Top Sport

Руи Коста е нов претседател на Бенфика

Португалската фудбалска легенда Мануел Руи Роска (49) е нов претседател на Бенфика, на местото на Луис Фелипе Виеира кој заврши во притвор поради наводни даночни измами и перење пари.

Коста досега ја вршеше функцијата потпретседател на клубот, а новата функција ја презема откако доби едногласна поддршка од сите членови на одборот на Бенфика.

„Времето е предизвик, но сакам силна Бенфика. Клубот ќе го водам со иста таква гордост, страст и преданост како и кога го носев дресот на Бенфика. Свесен сум за одговорноста која ја презедов. Нашите приоритети се подготовка за новата сезона во која влегуваме со големи амбиции“ рече Коста.

Руи Коста во текот на фудбалската кариера во два наврати го носеше дресот на Бенфика, од 1990 до 1994 и од 2006 до 2008 година. Свој печат остави и во дресот на Фиорентина, односно Милан.

За португалската репрезентација на 94 меча постигна 26 гола.

Scroll to Top