Заедницата на европските фудбалски лиги „цврсто се спротиставува“ на идејата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за две нови фудбалски натпреварувања.
„Европските лиги“ се против обновеното Светско клупско првенство на ФИФА и новата Лига на нации, која би кулминирала со „мини Мундијал“ на секои две години, како прва организација која се спротистави на Инфантино за плановите кои се наводно поддржани од моќни инвеститори.
„Овој процес ме потсетува на ’старата ФИФА’ и нивното однесување, нешто што мислевме дека го оставивме во минатото. Нема никакво советување и транспарентност и јасна и намерна манипулација на начинот на кои се донесуваат одлуки во ФИФА. Да се презентира долгорочен план од 12 години со толку несигурни работи и недоволно информации е да се отвори пандорината кутија“, изјави претседателот на ЕЛ, Ларс-Кристер Олсон.
Фото: ЕПА