Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон. Најдобриот светски тенисер, во финалето, по голема борба, го победи Матео Беретини со 3:1 (6/7, 6/4, 6/4, 6/3). Мечот траеше три часа и 30 минути.
Ѓоковиќ ја освои шестата титула, во своето седмо финале на Вимблдон (има пораз само од Енди Мареј), вкупно 20 во кариерата. На вечната листа Ѓоковиќ се израмни со своите најголеми ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Новак, трет пат во низа победува на Вимблдон, иако до триумфот дојде потешко од прогнозите.
Беретини успеа да му пружи голем отпор, но не успеа да го испрати ритамот на првиот светски тенисер во четвртиот сет.
Италијанецот волшебно се врати во првиот сет, иако губеше со 2:5 и го освои во тај-брејк. Веројатно клуч на целиот меч беше почетокот на вториот сет, кога Ѓоковиќ два пати му го одзеде сервисот на противникот.
Беретини успеа да врати еден брејк, но Ѓоковиќ го освои сетот. Во третиот сет, пресуден беше брејкот на Ѓоковиќ во третиот гем. А потоа успеа да спаси и три брејк топки и да поведе со 2:1.
Четвртиот сет започна со голема борба, играчите беа сигурни до 3:3, кога Ѓоковиќ направи брејк, потоа го освои својот сервис, а до победа стигна на сервисот на Беретини кога ја искористи третата брејк топка.