Top Sport

Англија води на полувреме со најбрзиот гол во историјата на финалните натпревари

Англија има предност од 1-0 против Италија во финалето на Европското првенство во фудбал.

Домаќините, не можеа да посакаат подобар старт на финалниот меч. Лук Шо постигна гол по една минута и 57 секунди игра. Деби голот за Англија е најбрзиот гол, кога се во прашање финалните натпревари на континенталните првенства.

Англија, води од втората минута, со голот на Лук Шо.

По корнерот кој го имаше Италија, Англија отвори контранапад, Кејн ја префрли топката на спортивната страна до Трипе, кој перфектно центрираше на втората статива каде сам беше Шо кој ја спроведе топката во мрежата.

По постигнатиот гол, Англија протодолжи со својата определба, да не им дозволи на Италјанците да стигнат до нивнот гол, а шансите ги бараат преку брзите контранапади.

Италија најдобрата шанса ја имаше во 35 минута, кога Кијеза издржа неколку дуели со Рајс, а неговиот удар од 22 метри заврши крај стативата.

Scroll to Top