Top Sport

Раул на „школо“ кај Маурисио Почетино

Оваа недела на тренинг-терените на Тотенхем има посебен гостин – легендата на Реал Мадрид, Раул, кој е во Лондон да ги учи методите на работа на Маурисио Почетино.

Поранешниот фудбалер на Реал, Шалке и Њујорк космос во својата кариера имаше чест да работи со 23 тренери, а сега самиот учи да биде фудбалски стратег преку курсот на Шпанската фудбалска федерација, ззаедно со Чаби Алонсо и Чави Ернандез.

Како дел од курсот, сите „студенти“ мораат да поминат една недела со професионален тим, и Раул го избра Тотенхем, каде што се дружеше со својот сонародник Фернандо Љоренте и имаше шанса да ги научи „триковите“ на уште еден млад тренер, Аргентинецот Почетино, кој направи „препород“ во Тотенхем последните две сезони.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');