Top Sport

Саутгејт: Јас сум виновен, јас ги избрав изведувачите на пенали

Англиската јавност удри по селекторот Герет Саутгејт, по поразот на пенали од Италија, во финалето на Европското првенство. Англија, на Вембли, пеналите ја оставија без европската титула, Италија победи со 3:2, откако по 120 минути играша резултатот беше 1:1.

Саутгејт, во последната минута од продолженијата на теренот ги внесе Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо. Идните соиграчи во Манчестер јунајтед и Букајо Сака, не успеаја да погодат од белата точка.

„Вината е моја. Според она што го работевме на тренинзите се решив кој ќе шутира во пенал серијата. Двајца од нив влегоа непосредно пред пеналите. Ги следевме подолг период како работат и што прават во клубовите. Тој процес ни успеа на Светското првенство во Русија и во Лигата на нации, сега за жал не беше така. Сака е супер момче. Популарен е во репрезентацијата. Имаше неверојатен турнир и стана ѕвезда. И понатаму ќе биде ѕвезда. И во финалето беше одличен. Мораме да го поддржиме и да му помогнеме“, заклучил Саутгејт.

Scroll to Top