Top Sport

Иво Карловиќ стана најстариот победник на меч на АТП турнир

Секоја нова победа на хрватскиот тениски ветеран – Иво Карловиќ носи нов рекорд.

Хрватскиот тенисер повторно победува на АТП турнир, и тоа по првиот настап по 6-месечна пауза.

Во првото коло на турнирот на трева во американски Њупорт, Карловиќ со 2-1 (по сетови 6:7, 6:1, 6:4) славеше победа против 24-годишниот шпански тенисер Бернабе Запата Миралес (120. на АТП листата).

Со оваа победа популарниот „Д-р Иво“ стана најстариот победник на еден АТП турнир со 42 години и 135 дена.

Ова е втора овосезонска АТП победа за Карловиќ откако славеше и во првото коло на турнирот во Делреј Бич.

Претходно рекордер во оваа категорија беше легендарниот Џими Конорс кој во 1995 година исто така во 43-тата година настапи на турнирот во Хале и таму стигна до четвртфиналето.

Еден друг рекорд на Карловиќ веројатно никој нема да го сруши уште долго време. Со 24-те аса на мечот со Запата Миралес хрватскиот ас стигна до бројка од 13.677 асови, на 691 меч.

Засега втор на таа листа е Џон Иснер со 12.711 асови, додека Федерер досега има 11.478, но на 1.462 меча.

Scroll to Top