Хакан Шукур, најдобриот турски фудбалер на сите времиња, пред три години избега од татковината во САД, откако бешеобвинет дека е предавник и терорист.
Шукур, поранешен играч на Сиваспор, Бурса, Галатасарај, Торино, Интер, Парма и Блекбурн, во 2011 година беше член на турскиот парламент, меѓутоа кога во 2016 година го поддржа движењето на Фетула Ѓулен започна пеколот во неговиот живот.
По неуспешниот обид за државен удар, за кој беше обвинет Ѓулен, Шукур успеа да избега во САД, а турските власти му го запленија целиот имот, неговото е избришано од спортската историја на Турција, а неговиот татко беше осуден на едногодишна затворска казна.
Денес, најголемата ѕвезда на турскиот фудбал, стрелец на најбрзиот гол во историјата на светските првенства, живее во Калифорнија, во малиот град Пало Алто и работи како фурнаџија.
„Турција е моја земја, јас го сакам турскиот народ. Државните медиуми кај народот ја сменија сликата за мене, меѓутоа можеби некогаш повторно ќе одам таму. Веруван дека еден ден ќе се вратам. Темнината не може да трае вечно. Во Америка се е поинаку. Гледата дека тука Леброн Џејмс може да го критикува претседателот. Најважно е лужето да се чувствуваат слободни. Тика можете да кажете што сакате, во Турција тоа не е можно“, ја рскажал својата приказна Шукур за „Њујорк тајмс“.
He is one of Turkey’s most famous athletes, its most celebrated soccer player, and a World Cup hero. But Hakan Sukur is now hiding in plain sight in Palo Alto, exiled from home. https://t.co/iRRxItMCK5
— New York Times World (@nytimesworld) May 4, 2018
Поранешниот фудбалер сега живее во Пало Алто во Калифорнија, а заработува како фурнаџија.
„Можев убаво да живеам во Турција, само требаше да го поддржам Ердоган. Знам дека тогаш ќе имав убав живот, доколку играв според нивните правила веројатно ќе бев министер. Но јас сега сум тука и на луѓето им продавам турски специјалитети и пијалоци“, рекол Шукур, кој секој ден се буди во три часот наутро за да се подготви за работа.
Иако работи сам во својот дуќан во Пало Алто, тој не се откажува од спортот. Неодамна на аматерски натпревар постигнал 11 од 15.голови на својот тим.
„Имам желба да отворам спортска академија. Имам потенцијални инвеститори, но тие се плашат да се видат со мене. Отворен сум за соработка со сите. Мислам дек можем уште многу работи да му дадам на спортот“, рекол 46-годишниот фудбалер за „Њујорк тајмс“.