Барселона, в недела, ќе го пречека својот најголем ривал Реал, во 36.коло во Ла Лига. Барселона веќе ја обезбеди шампионската титула, а според традицијата на првиот нареден натпревар противничките играчи треба да направат шаплир и да го поздрават новиот шампион.
Сепак Реал нема да го направи тоа бидејќи според нивното толкување, во првото овосезонско „Ел калсико“, Барселона го прекиршила правилото.
Имено, дербито што во декември се одигра во Мадрид, беше првиот натпревар за Реал по освојувањето на титулата на Светското првенство за клубови.
Тогаш Каталонците рекоа дека тие не учествувале во тоа натпреварување и дека поради тоа не мора да направат шпалир.
Реал, в недела, ќе врати со иста мерка, а нивното образожение е дека до титулата на светското првенство за клубови стигнале преку Лигата на шампионите, натпреварување во кое учествува и Барселона.
Со ваквото толкување не се согласува „Марка“, весникот наклонет кон Реал, често нарешен и клупско гласило на овој клуб.
Весникот објави текст под наслов. „Зидан запамти: Кога губиш пушти рака“. Со овој наслов авторот сака да го потсети Зидан на дел од зборовите од клупската химна: „Кога ќе изгубиш му пупташ рака на противникот“.
„Реал не смее да се спушти на нивото на она што се случи кога Барселона не сакаѓе да честита бидејќи се работеше за натпреварување во кое не учествувал тимот. Тое е неверојатен изговор, може да го играат тоа натпреварување доколку ја освоеја Лигата на шампионите. Сепак тоа не е причина, Зидан да го повтори тоа и да покаже непочитување и да ги остави настрана клупските вредности“, стои во текстот на „Марка“.