Top Sport

Пресврт на Јувентус против Болоња (Видео)

Јувентус со пресврт ја победи Болоња 3.1 (0:1) во натпревар од 36.коло, во Серија А. Екипата на Масмилијано Алегри со овој триумф уште повеќе се доближи до седмата титула во низа.

Болоња успеа да го добие првото полувреме против Јувентус, но немаше ниту сили, ниту знаење да прреди целосна сензација. Верди го постигна единствениот гол во првото полувреме од пенал.

Во вториот дел разликата ја направи Даглас Коста кој влезе во игра на местото на Матуиди. Бразилецот лесни ја пробиваше десната страна од одбраната на Болоња и намести два гола.

Јуве израмни со автоголот на Де Маио, а потоа голманот Миранте капитулираше уште два пати. По асистенциите на Даглас Коста, најпрвион гол постигна Кедира во 64., а потоа и Дибала во 69.минута.

Јувентус со овој триум стигна до 91.бод во Серија А, има седум бода повеќе од Наполи кој има и меч помалку.

Scroll to Top