Top Sport

Специјалистот за одбрана, Виран Морос е нов член на Фуксе Берлин

Еден од најдобрите дефанзивци во европскиот ракомет, шпанецот Виран Морос (37) својата кариера ќе ја продолжи во германски Фуксе Берлин.

Тој во бундеслигашот ќе ја пополни празнината по заминувањето на уште еден дефанзивец – Хрватот Јаков Гојун кој се врати во ППД Загреб.

Шпанскиот ракометен ветеран во главниот германски град доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со францускиот шампион, ПСЖ.

Морос кариерата ја градеше во Адемар Леон, Суидад Реал и Барселона, а дури 14 пати беше шампион на Шпанија, трипати шампион на Франција и трипати победник во финалето на Лигата на шампиони на ЕХФ.

Со „Фуријата“ еднаш триумфираше на СП, а двапати на ЕП.
Летово тој ќе биде во составот на Шпанија и на ОИ во Токио. Договорот со Фуксе му е за една година.

Scroll to Top