Top Sport

Дрес на Зидан од финалето во 1998. продаден на аукција за над 100.000 долари

Еден од дресовите направени за француската фудбалска легенда Зинедин Зидан за финалето на СП 1998 година во Франција е продаден за повеќе од 100.000 долари во Лос Анџелес, објави американска аукциска куќа.

Аукцијата била одржана минатиот викенд на Беверли Хилс, но по пат на интернет, а дресот на Зизу е продаден за 108.800 долари, пренесува француски „Монд“.

Автентичноста на дресот ја потврдија од ФИФА и од „Адидас“, но од аукциската куќа не знаеле дали толку тој дрес го носел фудбалерот на финалниот меч во кој „триколорите“ сo 3:0 го совладаа Бразил. Во првото полувреме токму Зидан постигна два гола.

Во октомври 2018 година париската аукциска куќа „Coto-Begari“ неколку дена пред аукцијата морала да повлече дрес на Зидан кој го носел во финалето затоа што имало сомнеж за автентичноста.

Scroll to Top