Top Sport

Таунзенд е нов играч на Евертон, и тоа бесплатно!

Довчерашниот фудбалер на Кристал Палас, крилниот напаѓач Андрос Таунзенд е нов играч на Евертон. 30-годишникот со „карамелите“ потпиша до 2023 година.

Таунзенд веќе соработуваше со кормиларот Рафаел Бенитес додека овој беше на клупата на Њукасл.
Последните неколку сезони е во Палас, а во минатото има играно и за Тотенхем.

Таунзенд на „Гудисон парк“ доаѓа како слободен играч, а во Палас дојде од Њукасл тогаш за 15 милиони евра.

Се очекува во Евертон да биде резерва ако се знае дека за конкуренти ќе ги има Ришарлисон, Бернард, Кена и Ивоби.

Освен со него, „карамелите“ потпишаа и со голманот Асмир Беговиќ, а наскоро се очекува официјализација на уште едно крило – Демара Греј од Баер Леверкузен.

Scroll to Top