Top Sport

Британските весници загрижени за ситуацијата на Фергусон

„Дејли мејл“ со драматичен наслов „Ферги се бори за живот“ ја оценува ситуацијата на легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, за кого официјално се вели дека е во стабилна состојба по операцијата за мозочниот удар во саботата.

Речиси идентичен наслов има и во таблоидот „Сан“, додека „Гардијан“ е поумерен во оценувањето на состојбата на 76-годишниот Шкотланѓанец, оценувајќи дека неговата состојба е стабилна.

Фергусон доби пораки за добро здравје и опоравување од неговите поранешни фудбалери (Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Вејн Руни), како и од ривалските клубови Манчестер сити и Ливерпул (кои го нарекоа Фергусон голем “пријател на клубот“).

Засега нема други официјални изјави околу состојбата на Фергусон, барајќи се да се почитува приватноста на семејството.

Фото: ЕПА/скриншот

Роналдо до Фергусон: Шефе, биди силен!

 

Scroll to Top