Металург продолжува со екипирањето на својот состав. Денеска, свој потпис на договорот со клубот од Автокоманда го стави португалското лево крило, Улисис Рибеиро.
Рибеиро (30) е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот со Металург замина во романското првенство.
Португалецот во кариерата бил играч на Сао Бернардо, Мадеира и Хари Ап во Холандија.
Ракометарот кој може да игра и на позицијата среден бек, со Металург потпиша договор на две години.
Улисис Рибеиро е шестото засилување на Металург за новата сезона, по браќата Њокас, пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.