Top Sport

Британките го победија Чиле на ОИ во Токио

Традиционално фудбалерите и фудбалерките и пред официјалното отворање на олимписките игри започнуваат со своите настапи. Ништо не е поразлично ниту во Токио. Олимписките гри ќе бидат отворени во петок, а денес натпреварите ги отворија фудбалерките на Велика Британија и Чиле.

Победа од 2:0 забележа Велика Британија. Головите ги постигна фудбалерката на Манчестер сити, Елен Вајт во 18. и 73. минута.

Велика Британија очекувано доминираше, фудбалерките 20 пати шутираа кон голот на Чиле и на крајот заслужено победија.

Scroll to Top