Top Sport

Уште „Ел класико“, па Меси може да мисли на Мундијалот

Лионел Меси има само уште една голема обврска на календарот пред да почне да размислува како со Аргентина да ги надмине очекувањата и да се стигне до титулата на Светското првенство во Русија. Секако, „Ел класико“ со Реал Мадрид на „Ноу Камп“.

По чудниот крај на сезоната во која Барселона ја освои двојната титула во Шпанија, но и испадна во четврт-финалето на Лигата на шампионите од Рома во тоа што се сметаше веќе добиен двомеч, Меси најави дека сака совршено да ја прослави титулата.

„Едвај чекаме со нашите фанови да ја прославиме титулата“, напиша Меси на Инстаграм.

„Ел класико“ вечерва ќе биде 52. меч оваа сезона за Аргентинецот, шест повеќе од 2014 и речиси исто како 2010 кога имаше 53 меча.

Аргентина не се смета за фаворит на Мундијалот во Русија ова лето, меѓутоа Меси би сакал својата фантастична кариера да ја круниса со светска титула, која му избега пред четири години во Бразил, кога Германија ја победи Аргентина.

Фото: ЕПА

Scroll to Top