Милански Интер по цели 26 години ќе остане без препознатливиот спонзор на дресовите – „Pirelli“.
Логото на италијанскиот производител на гуми на дресот го носеа и бразилскиот Роналдо, Занети, Ибрахимовиќ, Пандев, Снајдер, Милито, Лукаку, но и сите останати „Нероазури“ кои минатата сезона го донесоа Скудетото во Милано.
Новиот главен спонзор на Интер е фирмата „Socios.com“ која развива нов начин на комуникација со клубовите. Се работи за платформата „Fan Token” која ја користи криптовалутата „Chiliz“, која, пак, корисниците ја купуваат за да можат да учествуваат во активностите на он-лајн заедницата.
Дел од оваа приказна се и Атлетико, Барселона, Јувентус, Рома, Сити, Арсенал и многу други клубови.
Интер во наредната сезона на дресовите ќе ја рекламира „$INTER Fan Token“ која наскоро фановите на „Нероазурите“ ќе можат да ја купуваат.
Од оваа соработка, Интер ќе заработи по 20 милиони евра по сезона, а „Pirelli# и понатаму ќе остане еден од спонзорите на клубот.
Еве како ќе изгледаат новите дресови на миланскиот клуб:
?| ANNOUNCEMENT
A new era has begun ⚫️?
Welcome, @socios!#IMMORETHANAFAN | $INTER ⚡ $CHZ pic.twitter.com/sIyvah4i9V
— Inter ??? (@Inter_en) July 21, 2021