Шпанските медиуми лиферуваа вест дека играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто е мета на Баерн Минхен. Новиот стратег на Баварците, Јулијан Нагелсман смета дека Роберто би бил од колега корист во тимот, па затоа побарал од челниците на клубот да ја разгледаат можноста за негов ангажман.
И во Барса не се против оваа идеја, ама само ако се вклучува можност за откуп на договор по истек на едногодишна позајмица.
Договорот на Роберто со каталонскиот клуб е до јуни 2022 година, апа челниците на клубот од „Ноу Камп“ не сакаат играчот да го пуштат без отштета.
Свесни се дека мораат да го олабават буџетот на клубот за да обезбедат пари за нов договор со Лео меси, па во таа смисла, заминува на Сехи Роберто добро би дошло.
Клубот мора да ослободи околу 180 милиони евра во платниот буџет.
Додека сето тоа не го сторат нема да можат да ги регистрираат новите играчи – Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро затоа што го надмашија лимитот за плати во Ла Лига за 40%.
Наводно, клубот е подготвен да се откаже од услугите на Клемон Ленгле, Сержињо Дест и Самуел Умтити.