Интер, до крајот на преодниот рок, има намера да се ослободи од Артуро Видал. Новиот тренер, Симоне Инзаги, му соопштил на Чилеанецот, дека не му е потребен во тимот.
Интер, се обидува да го продаде 34-годишниот фудбалер. Засега, поради неговата голема плата, тоа за клубот е невозможна мисија.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Интер се подготвени да го раскинат договорот со Видал и на тој начин да спаси 6,5 милиони евра. Според овој извор, досега интерес за Видал покажале само клубови од Јужна Америка: Бока јуниорс, Фламенго и Клуб Америка од Мексико.
Видал во професионалната кариера, која трае од 2005 година играл за Коло-Коло, Баер Леврркузен, Јувентус, Баерн, Барселона и Интер.