Top Sport

Довициозо: И Лоренцо и Педроза се виновни за судирот! (видео)

Андреа Довициозо без заддршка ги обвини Дани Педроза и Хорхе Лоренцо за судирот по кој тројцата возачи се откажаа од Херез ГП трката, а посебно смета дека Педроза (кој леташе најдалеку) мора да се „смири“.

Лоренцо го задржуваше Довициозо и Педроза во борбата за второто место зад недостижниот Марк Маркез, кога Довициозо се обиде да го претекне колегата од Дукати, Лоренцо во шестата кривина. Двајцата возачи влегоа прешироко, а Лоренцо се обиде да ја скрати кривината и да излезе пред Италијанецот, кога Педроза направи оптимистички обид да ги претекне двајцата.

По ова следуваше судирот, „летањето“ на Педроза, а Лоренцо се удри во Довициозо.

„Најмногу згреши Дани, бидејќи беше зад нас. Влезе пребргу во кривината, и кога има некој пред вас, тој ја диктира тркачката линија. Но, Дани реши да ја ’пресече’ кривината и го предизвика судирот. Ова беше негова грешка. Но, и Хорхе не провери што се случува со возачот зад него и реши да вози како да е сам“, вели Довициозо.

Стјуардите на трката решија дека нема потреба за казни за тројцата возачи, а Педроза вели дека возачите на Дукати се виновни бидејќи биле преспори во кривината.

„Јас бев побрз, во спротивност немаше да можам да ја задржам линијата. Мојата линија беше нормална, нивната не“, вели Педроза.

Маркез со нова победа во Херез, спетакуларен судир зад него (видео)

 

Scroll to Top