Top Sport

Капитенот на Германија во програма во живо: Те сакам. Ќе се омажиш ли за мене?

Со капитенската лента на раката, Макс Крузе (33) денеска ја предводеше Германија до победа од 3-2 против Саудиска Арабија на фудбалскиот турнир на ОИ во Токио.

Во интервјуто по мечот, напаѓачот за запроси својата девојка Дилара со која е во врска последнава година, откако потпиша за Унион Берлин.

„Те сакам. Ќе се омажиш ли за мене“ ја праша Крузе својата избраничка во програма во живо.
Наскоро пристигна информација од Германија – одговорот бил „да“, па среќниот пар ќе се венча по турнирот во Јапонија!

Инаку, Макс Крузе во бракот со Дилара ќе го внесе и неговиот син Лауро Мартин кој го доби по врската со Алина. Неговиот наследник живее на Флорида.

Еве како изгледаше запросувањето:

Scroll to Top