Косово го освои вториот златен медал на Олимписките игри во Токио.
Нора Џакова, освои златен медал во џудо. Таа победи во категоријата до 57 килограми. Пред два дена, првото злато за Косово, го освои Дистрија Красничи, исто така во џудо, но во категоријата до 48 килограми.
Ова е второ учество на спортистите од Косово на Олимписките игри. На првото, во Рио Де Жанеиро, златен медал во џудо освои Мајлинда Кељменди.