Top Sport

Рамос: Меси изврши притисок врз судијата

Серхио Рамос, капитенот на мадридски реал, го обвини Лионел Меси дека во полувремето на дербито на „Ноу Камп“, извршил притисок на главниот судија Алехабдро Ернандес-Ернандес.

Барселона, во дербито, во самиот финиш на првото полувреме, остана без исклучениот Серхи Роберто.

„Меси, за време на паузата изврши мал притисок врз судијата. Не знам дали тамо има камери. Судеше на поинаков начин во второто полувреме. Не знам дали ќе судеше така доколку Меси не реагираше“, рекол Рамос и дополнил.

„Ова е фудбал, се треба да остане на теренот. Се додека не ти штети неопходно е да се однесувате со почит“.

Scroll to Top