Екстремните временски услови на Олимпијадата во Токио ги загрижува спортистите, откако беше најавено дека во вторник Токио ќе биде погоден од тропска бура, но организаторите велат дека „нема грижа“ за здравјето на спортистите.
Натпреварувањата во веслање, сурфање и стреличарство веќе беа презакажани пред бурата, која е последна природна непогода која ги мачи спортисте, кои веќе имаа голем проблем со големата жештина во јапонската престолнина.
И покрај најавите дека ќе има силен дожд, бури и ветер во Токио, организаторите велат дека нема причина за вознемиреност – портпаролката на Токио 2020, Маса Такаја изјави дека е потребно „само придржување на советите на организаторите“.
Тенисерите најмногу се мачеа на жештината досега, откако Данил Медведев се пожали дека нема доволно мраз за време на паузите, а и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ призна дека е тешко да се оддржува концентрацијата. Денеска, на триатлонската трка, норвешкиот шампион Кристијан Блуменфелт колабираше по пристигнувањето на целта.