Српскиот судија, Милорад Мажиќ, ја доби довербата од УЕФА да го суди финалето во Лигата на шампионите на 26.мај на Олимпискиот стадион во Киев, помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Комитетот на УЕФА, денес, реши Мажиќ со своите помошноци да ја дели вудбалската правда на натпреварот во Киев. На српскиот судија ќе му помагаат неговите сонародници, Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ, судии зад головите ќе бидат Данило грујиќ и Наннад Ѓоковиќ.
Иналу, четврти судија ќе биде Кламон Турпан од Франција.
Мажиќ (45), меѓународен судија е од 2009 година, а оваа година судеше натпревари во лигата на шампионите и Лига Европа.
Досега во кариерата имал можност да суди две финалиња, во Суперкупот на Европа во 2016 година помеѓу Реал Мадрид и Севилја, и во Купот на конфедерации во 2017 година помеѓу Германија и Чиле.