По шокантниот пораз од Франција, во првото коло на олимпискиот турнир, кошаркарите на САД го декласираа Иран и ја забележаа првата победа во Токио.
Американците го совладаа Иран со 120:66, а победата ја најавија во првата четвртина која ја добија со 28:12. До крајот на мечот Американците само ја зголемуваа разликата.
Најефикасни во „Дрим тимот“ беа Демијан Лилард со 21, Девин Букер со 16 и Џејсон Тејтум со 14 поени. Иран го предводеше Хадади со 14 поени.