УЕФА денеска објавија дека Србинот Милорад Мажиќ ќе го суди големото европско финале меѓу гигантите Ливерпул и Реал Мадрид во Киев на 26 мај, и еден човек сигурно не е среќен – Кристијано Роналдо.
Роналдо, кој и покрај излегувањето од игра во „Ел класико“ во неделата, најверојатно ќе биде во топ-форма за финалето, веќе се „запозна“ со Мажиќ кога Португалија беше елиминирана на последното СП во Бразил.
Роналдо се караше со Мажиќ откако Португалија загуби со 4:0 од Германија, во меч во кој дефанзивецот на Бешикташ, Пепе доби црвен картон, а Марио Геце доби пенал за очигледниот фаул на Жоао Переира.
45-годишниот Мажиќ веќе им беше судија на Реал на почетокот на минатата сезона, кога му даде црвен картон на Тимоти Колодзиејчак од Севилја, пред „кралскиот клуб“ да победи со 3:2 во продолжението.
Србинот, инаку, е еден од најценетите европски судии, откако веќе имаше пет меча во ЛШ оваа сезона, а исто така е повикан и на Мундијалот во Русија.