Top Sport

Најавувачот на Порто казнет за навредата кон Кристијано Роналдо и неговото семејство

Најавувачот на стадионот на Порто, Фернандо Саул, ќе мора да плати казна од 1.430 евра за навреда на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и неговото семејство.

Според португалскиот „А бола“, инцидентот се случил откако Јувентус беа елиминирани во осминафиналето на ЛШ од Порто, по што Саул во два Инстаграм поста го навредувал Јувентус и Роналдо со зборовите „Италијански крадци“ и „таа свиња Роналдо“. Тој исто така ја нарекол мајката на Роналдо, Долорес „беззаба баба“.

Португалската фудбалска федерација реши да го казни Саул, со 1.430 евра, кои ќе одат директно кај Роналдо, откако претставник на поранешниот клуб на Португалецот, Спортинг ги известил властите.

Scroll to Top