Top Sport

Се снајде! Со помош на кондом до злато и бронза на Олимпијадата

Австралиската кануистка, Џес Фокс успеа да стигне до златниот медал во Ц1 кану на диви води за да го додаде на бронзениот медал во К1 за вкупно да стигне до четири олимписки медали во кариерата (1 злато, 1 сребро и 2 бронзи), а за тоа и беше потребна мала помош – кондом кој го делат олимписките организатори.

Таа на Инстаграм се пофали дека го поправила својот кајак со кондомот пред да го освои бронзениот медал.

„Се обложувам дека не знаевте дека кондомите може да се користат за поправка на кајак. Се тегнат, силни се“, вели 27-годишната Австралијка на Инстаграм видеото.

Таа беше блиску до златото во финалето во кајак, но ја удри последната врата и доби временска казна, пред денеска да го освои своето прво олимписко злато.

Scroll to Top