Top Sport

Олимписката шампионка од Книн ги разгоре националистичките страсти

Матеа Јелиќ, новокрунисаната хрватска олимписка шампионка во теквондо, предизвика бура на реакции со своите изјави, но и со заканите кои го доби.

23-годишната Јелиќ, која доаѓа од Книн, по освојувањето на златото изјави дека сака да ја прослави титулата на годишнината на „Олуја“, хрватската воена акција со која го освоија Книн и остатокот од таканаречената „Српска Краина“, по што беа протерани стотина илјади луѓе.

„Сакам дочекот да се спои со ‘Олуја’. Во Хрватска се враќам на годишнината на тој настан кој толку ми значи и би сакала да имам голема фешта“, изјави Јелиќ.

Оваа изјава, предизвика многу контроверзи, посебно во Србија, каде што уште се дел од бегалците од таа војна, и таа на социјалните мрежи доби еден куп заканувачки пораки, кои ги сподели.

Scroll to Top