Top Sport

Ред бул не успеаја да издејствуваат дополнителна казна за Хамилтон

Ред бул рејсинг не успеаја во обидот да му се додели поголема казна на Луис Хамилтон за судирот со Макс Ферстапен во Силверстоун, откако стјуардите ја потврдија одлуката за 10-секундна казна, која на крајот не му пречеше на Хамилтон да победи на домашната трка по судирот со Холанѓанецот.

Пред Унгарското ГП овој викенд, повторно главна тема беше судирот во првиот круг на кривината Корпс, откако Ферстапен продолжи да го обвинува Хамилтон и Мерцедес за неспортско однесување со прославата на победата додека тој бил во болница.

По дополнителното сослушување кај стјуардите во четвртокот попладне, тие одлучија дека нема потреба за менување на првичната одлука. Во извештајот на стјуардите се вели дека новите докази на Ред бул биле низа слајдови на кои беа поставени линии на движење на двата болиди, кои не биле доволни за дополнителна казна.

Scroll to Top