Марк Вилијамс стана најстариот светски шампион во снукер во последните 40 години, по драматичната 18:16 победа над Џон Хигинс во неверојатното финале во „Крусибл“ во Шефилд.
Шкотланѓанецот Хигинс губеше со огромни 14:7 во текот на попладнето, но се врати со неверојатни партии за да израмни на 15:15, пред 43-годишниот Вилијамс да добие три од последните четири фрејма за конечна победа од 18:16 против човекот, кој исто како и него, стана професионалец во далечната 1992 година.
Ова ја комплетира неверојатната сезона за Велшанецот Вилијамс, кој првпат ја освои титулата во 2000 година, а го повтори и успехот во 2003 година. Само пред една година, тој не успеа да се квалификува за најелитниот снукер-турнир на светот, но оваа сезона имаше одлични настапи за титули на Северна Ирска опен и на Германскиот Мастерс.
За победата тој добива фантастични 425.000 фунти.
How fitting…@markwil147 floats his way to a THIRD world crown! ?
Greatest final of all time? It’s up there! #ilovesnooker @Betfred pic.twitter.com/fjqOrQuoEu
— World Snooker (@WorldSnooker1) May 7, 2018