Филаделфија избегна елиминација на Истокот, во полу-финалето, против Бостон Селтикс, откако во четвртиот меч славеше 103:92. Селтикс сега водат 3-1, а петтиот натпревар го играат на домашен терен.
Ти Џеј Меконел и Дарио Шариќ не дозволија Филалделфија да биде елиминирана по четири натпревари. Меконел ја погоди погоди клучната тројка на мечот, со која спречи Бостон целосно да фати приклучок.
Меконел мечот го заврши со 19 поени, седум скока и пет асистенции, Џоел Ембид имаше „дабл-дабл“ од 15 поени и 13 скока, а најефикасен кај Филалделфија беше Дарио Шариќ со 25 поени, осум скока и четири асистенции.
Кај Селтикс се истакнаа Џејсон Тејтум со 20 поени, 17 постигна Маркус Морис, а Ал Хорфорд имаше учинок од 10 поени и исто толку скока.
Петтиот меч на програмата е в среда, во Бостон. Никогаш во историјата ниту еден тим на Истокот не успеал да се пласира во финалето откако губел во полу-финалната серија со 3-0.