Две недели по лудиот старт во Силверстоун и судирот на ривалите за титулата Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, и стартот на Унгарското ГП на патеката Хунгароринг беше одбележана со судир, хаос на патеката и излегување на безбедосното возило.
Откако имаше слаб старт од второто место, возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја загуби контролата на болидот, се заби во Лендо Норис во Мекларен, кој потоа отиде во болидот на Макс Ферстапен, а исто така настрадаа и Ленс Строл (Астон Мартин), Серхио Перез (Ред бул) и Шарл Леклер (Ферари), кои за разлика од Ферстапен не успеаја да ги вратат болидите на патеката.
Откако се возеше еден круг под безбедносно возило, трката беше прекината.
It's lights out and away we go! + Crash on first turn!#HungarianGP #Formula1 pic.twitter.com/q3lmOavUCu
— Winnie The Fool (@myselfdaffa) August 1, 2021