Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Гарсија Парондо, успеа со Египет да се пласира во полу-финалето на Олимписките игри. За финалето, Египет ќе игра против Франција.
Египет, во четврт-финалето, во целост ја надигра Германија. Избраниците на Парондо, славеа победа 31:26. (16:12).
Германците не можеа да одговорат на играта со многу трчање кои го наметнаа Египѓаните. Се обидоа во вториот дел, но Египет сигурно ја држеше предноста.
Али Мохамед и Омар Јахија со по пет гола го предводеа Египет до големиот успех. Кај Германија се истакна Јулиус Кун со шет гола.
Полуфиналните натпревари на ракометниот турнир ќе се одиграат на 5.август. Покрај дуелот Египет=Франција, на програмата ќе биде и натпреварот Данска-Шпанија.